Клои Кардашијан го откри името кое ќе го носи нејзиното дете

18 јануари, 20180
5

Откако Клои Кардашијан официјално ја потврди веста за својата бременост, одлучи за прв пат да се појави на телевизиските екрани.

View this post on Instagram

🌴This picture reminds me that I need a tan ASAP 🌴

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on

Триесет и три годишната реалити ѕвезда го очекува првото дете со кошаркарот Тристан Томпсон, а во шоуто на Елен Деџенерис отворено зборуваше за олеснувањето кое следело откако на јавноста и ја открила својата тајна.

-На почетокот, првите три месеци се најлоши. Никој не знае за твојата бременост и дека се чувствуваш неудобно. Откако луѓето ќе откријат за бременоста, веќе ги имате сите изговори. Сега изгледам бремено, не само дебело, објасни таа.

Исто така Клои додаде дека ќе ја избегнува трудничката облека сè додека тоа е можно, а во однос на изборот на името за своето дете кажа дека тоа конечно ќе може да го открие откако ќе го дознае неговиот пол.

-Доколку е момче, би сакала да се вика Јуниор, Тристан Јуниор, но доколку е женско не би знаела од каде да почнам. Сепак, би сакала името да започнува на К или Т, додаде Клои.

Таа се надева дека во иднина ќе се омажи за Тристан, но сепак двојката не брза во однос на тоа.
-Се надевам дека ќе се венчам. Сепак, не брзам околу ништо за тоа. Како што знаете, веќе избрзав доста работи пред ова, изјави таа.

На крајот од интервјуто Елен се обиде да извлече детали за наводната бременост на нејзината помлада сестра Кајли Џенер, но Клои со дипломатски одговор се извлече од тоа прашање.

-Не знам, мора да ја прашате Кајли, одговори реалити ѕвездата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi