Криси Тајген сподели прва заедничка фотографија на своите деца

31 мај, 2018
6

Криси Тајген ужива во времето поминато со своите две деца.32-годишниот модел ја сподели првата заедничка фотографија од малата ќерка и новородениот син. На неа, 2-годишната Луна му дава цуцла лажалка на Мајлс, кој се роди пред 12 дена.

Криси на Twitter сподели дека со Џон Леџенд го добија второто дете на 17 мај. Три дена подоцна таа ја објави првата фотографија од бебенцето, а во описот откри дека го добило името Мајлс Теодор Стивенс.

View this post on Instagram

❤️ / 📷: @bumper3077

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen) on

Парот стапи во брак на 14 септември 2013 година. Криси и Џон девет години се бореа со неплодност, а двете деца ги добија благодарение на ин витро.