СЕМЕЈНА ИДИЛА: Викторија Бекам со синови во НАЈСЛАТКО домашно издание!

25 јули, 20180
b2

Ја сакаме дотерана, но во ваквото издание ни го одзема здивот.

По заедничкиот одмор во Црна Гора, Бекамови и понатаму го поминуваат времето во семеен дух. Дејвид и Викторија Бекам имаат три деца – два сина, Бруклин и Ромео, и ќерка, Харпер. Не е реткост на социјалните мрежи со своите фанови да ги споделат најинтимните моменти кои ги поминуваат со своите деца. Колку ги сакаат семејните собирања покажува и фактот што редовно патуваат заедно. Овој пат се собраа дома. Викторија на својот Instagram профил ја сподели фотографијата од себе и своите синови во домашно издание. Таа во пижами со долги ногавици и кратки ракави, и нејзините синови во опуштени, секојдневни, домашни комбинации. Да ги сликал Дејвид или не, не знаеме, но очигледно семејството ужива во заедничките моменти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi