Сите тврдат дека Кристијано Роналдо е тежок егоиста, а се заради еден детал

22 мај, 2018
5

Sвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ги развесели, но и налути бројни фанови откако на Инстаграм објави романтична фотографија со својата Георгина.

 

– Мир и љубов – напиша во опис на фотографијата на која тој и Георгина лежат прегрнати, а тој нежно ја бакнува на образот. Фотографијата за половина час собра скоро милион и половина лајкови, но на некои на око им падна нешто друго.

Зад нив на sидот се гледаат натписи “хармонија”, “љубов” и “вредност” и четири фотографии.

На две од нив е самиот Роналдо, а на другите две е тој со Георгина и најстариот син Кристијано Јуниор.

View this post on Instagram

Paz e amor 💕

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

“Ауу, овој човек навистина многу се сака себе си”, “Немал чија фотографија да стави на sид, туку својата”, “Вистински егоиста”, биле некои од коментарите.