Шеесет и шест годишниот Митар Вуковиќ од Нови Сад го убил 28-годишниот Марио Тртиќ од Ѓурѓево, венчан кум на српската пејачка Гоца Тржан и нејзиниот сопруг Рашо.

Како што пишува Курир.рс, по пријавата од семејството дека Марио долго го нема, полицијата тргнала во потрага.

По претрес во неколку куќи, дошле до куќата на Мирко и воочиле мопед.

-На терасата од куќата, полицијата пронајде две безживотни тела. Се претпоставува дека Митар прво го буил Марио, па потоа извршил самоубиство. На терасата имаше многу чаури, на сите страни – вели извор на Курир.рс од Министерството за внатрешни работи во Србија.

Никола, таткото на Марио и убиецот Митар често се дружеле и седеле во пицеријата која е во сопственост на чичкото на Марио.

Сите во селото се убидени дека ова убиство е само одмазда од страна на Митар кон Никола, а дека Марио е само колатерална штета.