15 модели кои ќе ве уверат дека ви е потребен тексас комбинезон
И оваа сезона го обожаваме тексасот во сите модни изданија!
Тексасот е материјал кој едноставно никогаш не излегува од тренд, а ние го обожаваме во сите варијанти. Оваа сезона видовме тексас во интензивна розева боја, како и со животински принт, но сепак секогаш со задоволство се враќаме на класичниот син тексас.
Моделот кој посебно не заинтригира оваа сезона е тексас комбинезонот, кој изгледа одлично во сите комбинации на зимска облека, со каубојски чизми, со омилениот капут. Одлични модели на тексас комбинезони пронајдовме во понудата на бројни high-street брендови како што се Mangо, H&М, Topshop и Gap и се разбира, одлични модели има и великанот на тексасот Levi’s.
Откријте ги 15 – те најдобри тексас комбинезони од актуелната понуда: