20 септември, 2018

Радио

Тибетската вегетаријанска Јога диета ќе ви помогне да ослабнете и да го подобрите вашиот метаболизам. Диетолозите тврдат дека јога диетата ќе го подмлади и прочисти вашето тело. Тибетската диета се базира на лакто-вегетеријанската диета( вегетеријанска диета која дозволува млеко и млечни производи).

Тоа значи дека додека сте на оваа диета е неопходно да ги исклучите од својата исхрана сите видови месо, риба, јајца, а да дадете предност на се она што е од растително потекло. Целта на диетата е пред се да се исчисти целото тело од натрупаните токсини и слободни радикали со помошта на лековитата сила на зеленчукот и овошјето. Не само што ќе се радувате на помалку килограми, туку ќе се чувствувате многу посвежо, полни со енергија и видно подмладени. Исто така е доста добро и за вашиот имунитет, кој ќе го зајакнете во голема мера после зимската сезона. Јас сум секогаш на страната на оние диети кои најпрво се грижат за здравјето, а дури потоа за добриот изглед. Лично јас го избрав ваквиот начин на исхрана, како начин на живот и единствено што ќе кажам е тоа дека сум многу задоволна.

Денот го започнувате и завршувате со зелен чај со малку мед. Наутро може да изберете било кое овошје по избор, парче полнозрнест леб со малку обезмастено сирење или пак урда. За ручек секогаш имате зеленчук на пареа, зачинет со соја сос, малку маслиново масло. Освен тоа 200 гр варена соја и чаша кисело млеко. Од зеленчукот ви препорачувам модар патлиџан, брокула, карфиол, зелка, моркови, пиперки и најдобро е да биде мешавина од повеќе зеленчучи.

За вечера имате овесни јатки со јогурт. Вечерата не треба да биде покасно од 19 часот. После ова пијте течности, а пред се зелен чај, кој не само што помага за топење на мастите, но е и многу силен антиоксиданс кој брзо и ефикасно ги елиминира токсините од телото. Бидејќи диетата содржи овошје и зеленчук како и протеини од млекото и млечните производи, немате никаква опасност да трае дури и 3 седмици. После ова месото внесете го во својата исхрана бавно, започнувајќи со еден внес неделно, после два и.т.н.

Остави коментар

Почетна // живот // Исхрана // Тибетска Јога диета – 5 килограми неделно
Горе