4 начини повторно да се поврзете со партнерот

10 јануари, 20180
romance

Ви здосадија вечерите во тишина? Често се наоѓате во ситуација кој прв да попушти и да прозбори? Ги забележувате паровите во рестораните како не рзменуваат ниту еден збор во текот на вечерата и мислите дека не сте единствено. Но всушност сте во рутина, досада или нешто трето? Дали знаете дека за да опстои врската треба да ја недгувате и да работите на неа?

Нормално дека не можете да очекувате да остане првичната возбуда и по многу години и9 да не можете да престанете да зборувате на сите теми, но не смеете да се доведете во ситуација каде нема да размените ни еден збор.

  1. Направете го првиот чекор – немојте да чекате партнерот да почне прв. Сетете се што се сакате кај него и колку ви е важен и започнете разговор.
  2. Закажете состанок – сите парови треба од време на време да се потсетат колку им било забавно на почетокот на врската, колку излегувале, се дружеле и правеле нови работи. Тие се првите моменти кои ве направиле поблиски. Затоа, направете навика еднаш неделно или месечно да имате состаноци како на почетокот.By: Mike Baird
  3. Најдете ново хоби или нова активност – најбрз начин за да ја обновите врската е да пробате нешто ново, заедно. Дали ќе почнете часови за танц, планинарење, патување, готвење…не е важно, важно е да е ново и да го правите заедно.
  4. Тргнете се што ви го одвлекува вниманието од партнерот – одвојте време за вас, исклучете ја видео играта, телевизорот, дури и мобилниот телефон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi