Дали после врска постои пријателство? Психолозите откриваат што е најдобро за вас откако ќе ставите точка на љубовта!

17 декември, 20180
ракинување 1

После раскинувањето често си го поставуваме прашањето – што понатаму?

Дали за вас е подобро да прекинете секаков контакт со вашиот поранешен партнер, или можеби можете да останете пријатели?

Ако го превземете „ризикот“ да изградите пријателски однос со вашиот поранешен партнер, мора да знаете дека ќе поминете барем низ емоционална криза, при што ќе се запрашате дали раскинувањето беше добра одлука.

Нема да бидете способни веднаш да се префрлите на пријателска врска и ќе бидете растргнати помеѓу вашите чувства, оставајќи простор за истата личност да ве повреди повторно, само овој пат несвесно.

Психолозите сметаат дека по раскинувањето, најдобро решение е секој да тргне по свој пат. Не треба да се разделите во лошо расположение, останете во добри односи, така што секогаш ќе можете да позборувате убаво кога ќе се сретнете, но секој од вас да има свој живот.

Значи, едноставно така е најдобро за двајцата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi