Дали сте сексуално интелегентни?

21 декември, 20180
intelegencija

Се почесто можеме да го слушнеме терминот сексуална интелигенција, кој подразбира читање на намерите и желбите на партнерите врз основ на изглед, гестови, глас, мимики и мириси, а со тоа и брзо приспособување.

Сексуално интелигентните луѓе можат да ги расудуваат и оценуваат другите луѓе и нивните потенцијали и интереси, умеат добро да ги соопштат своите сексуални потреби и да ги разберат очекувањата и желбите на партнерите.

Проф. Д-р Јован Мариќ тврди дека е многу важно да се биде интелигентен во оваа област, бидејќи сексот е клучот за успехот или неуспехот на една врска, љубов, брак.

– Најважна е проценката на однесувањето на партнерот во директен контакт и разговор. Тоа се најсигурните заклучоци што можеме да ги имаме. Имено, способноста за читање на однесувањето влијае врз успехот на партнерот во креветот – добриот секс прави најмалку 20-30% од успехот на врската или бракот, а неуспехот во кревет значи 90% од пропастот на таквата заедница – вели д-р Мариќ, кој оваа диспропорција ја објаснува со фактот дека сексуалноста како дел од партнерскиот однос, исто така, открива некои други проблеми.

Делумните истражувања спроведени кај мажите покажуваат дека кај повеќето испитаници сексуалното знаење е парцијално, искпревртено, оптоварено со предрасуди, конзервативизам и страв од абнормалност, дека  се неспособни да ги воочат сопствените и желбите на партнерот . Сексот, по правило е инстинктивно условен, како исклучиво личен чин, или служи како еден вид алатка за партнерот со кој ја докажува сексуална моќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi