Избегнете фијаско при првиот секс со новиот партнер

26 јуни, 20180
6

Дојде време и за вашиот прв секс. Двајцата имате трема, не само ти, а за да не доживеете фијаско, прочитајте ги следните совети. 

Мажите што се плашат дека нема да бидат издржливи и дека брзо ќе доживеат оргазам, се советуваат претходно да маструбираат. „Брзиот крај“ е нормална појава со оглед на тоа што се радува на вашиот прв секс и поради тоа тој е многу возбуден.

Кога веќе ќе се најдете в кревет, не брзајте. Уживајте полека во секој дел од телото со личноста што досега сте можеле само да ја гледате  и да фантазирате.

Предиграта нека ви трае што подолго, тоа ќе ве опушти. На „главното случување“ преминете што подоцна.

Имајте на ум дека она што го сакал претходниот партнер не значи дека ќе го воодушеви и новиот партнер. Морате многу да истражувате додека да ги откриете омилените движења, пози… на вашата нова љубов.

Затоа, внимавајте на реакциите на партнерот, не само на она што го зборува, туку и на „говорот на телото“, воздишките…

Ако не спаѓате меѓу срамежливите, можете и да разговарате за тоа. Во секој случај, не очајувајте ако првиот секс не биде „за медал“ – тоа им се случува на повеќето нови партнери. Важно е да се трудите да биде подобро, а еден ден ќе се смеете со партнерот потсетувајќи се на вашиот прв секс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi