Мажите сакаат забранети, недостижни и вистински жени

25 јануари, 20180
3

И тие се само луѓе, па често паѓаат на двојки кои ги запознале на одмор, на оние кои случајно ги сретнале на минување, љубов од детството – онаа вистинската.

Сите знаеме дека мажите не поставуваат прашања кога е сексот во прв план, но кога станува збор за љубов тука малку се напнати. Всушност ова се типови на девојки на кои посилниот пол најчесто паѓа:

Љубов од детството

Сите веројатно ја поминале првата љубов во основно училиште, држење за рака и енигматични погледи. Сите исто така го поминале и оној ужасен момент на прво раскинување, особено ако таа ги оставила и сесвртела кон друг.

Љубов од филм

Нема сомнеж дека секој маж барем еднаш во животот бил заљубен во некоја ѕвезда, а со години само се менуваат опциите.

Згодна колешка на работа

Иако повеќето никогаш не би признале дека колешката ги маѓепсала, заљубеноста на работа е сосема нормална, бидејќи таму поминуваме многу време. Некои љубови дури и се остваруваат, но за повеќето мажи тоа останува само желба додека заљубеноста не помине.

Попатна заљубеност

Овој момент може да се случи било каде – на каса во продавница, кај автомеханичар или во автобус. Кога ќе ја погледне, мажот сфаќа дека има некоја магична привлечност. Ако воспоставите и контакт со очите, тоа дава надеж дека можеби нешто ќе се развие. Вреди да се обидете. Дури и ако ништо не се роди од сето тоа, ви останува добар спомен.

Љубезна девојка

Мала занесеност која доаѓа поради подарено внимание може да биде потполно погрешна. Најчесто мажите се залажуваат дека келнерката, стјуардесата или медицинската сестра го шармирала, а тие се веќе навикнати на оваа кумуникација и не чувствуваат привлечност. Затоа размислете пред да тргнете во акција и обратете внимание на тоа како се однесуваат кон другите.

Таа вистинската

Понекогаш ви се чини дека сте ја нашле жената на својот живот, само што сте ја погледнале. И што сега? Ќе ја запросите на сред улица? Најдобро би било да се запознаете и да договорите состанок.

Опасна девојка

На секој маж барем еднаш во животот за око му се закачила опасна девојка чии тетоважи и пирсинг неодоливо ѕирка под облеката.

Романса на одмор

Годишен одмор, лето, плажа – има ли подобар момент да се препуштите на страстите? Немојте воопшто да размислувате што ќе биде после, бидејќи не сте од ист град или држава. Уживајте!

Забранета љубов

За жал, ова е мачен тип на заљубеност , бидејќи најчесто постои доволна доза на морал да не се обидат да ја превземат девојката на својот пријател или да заведат мажена жена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi