Не постои вистинскиот, постои само нашата голема амбиција

6 февруари, 20180
4

Дали сте забележале, со кого и да влезете во врска секогаш недостига нешто, па макар тоа да е нешто мало.  Зошто и кога ќе пронајдете некоја личност која е речиси совршена, според вашите критериуми, се појавува некој таков недостаток  кој како да фрла црна сенка врз се останато?

Често размислувате на оваа тема, се чувствувате лошо поради истото, па се случило дури и да заплачете се со цел да исфрлите од себе се што ве мачи и тежи.

Огромни апетити?

Можеби ќе започнете да гледате објективно и сфаќате колку убав и успешен живот имате за разлика од останатите, па се прекорувате дека сте неблагодарница чии апетити не можат да се задоволат.

Вие сте една од оние луѓе кои бара премногу од животот и многу добива, многу повеќе од останатите и тоа благодарејќи на своите квалитети, но секогаш бара повеќе. Вашите амбиции се поголеми од оние на „обичните смртници“. Вие не можете да љубите и да се задоволите со некој просечен партнер. Себе се сметате за квалитетна личност и барате иста таква поред себе.

Невозможна мисија

Но денес да најдете комплетно совршен партнер, со изграден карактер и правилни морални принципи, кој истовремено е одличен љубовник во спалната, е како да барате игла во сено. Ако вие ја имавте среќата да се остварите на секое поле, како успешен студент, професионалец, човек што знае да ужива во животот и одличен љубовен партнер, вие сте една од малкумината кои ја имаа оваа среќа.

Незаситна амбиција

Преголемата самодоверба која ја поседувате во носи во темните насоки на болната амбиција без вие тоа да го забележете. Вие едноставно знаете дека се самоповредувате кога ги ставате на вага мааните и доблестите на вашиот партнер. Барањето на совршенство, ковањето неколку годишни животни планови и желбата за емотивно, но и материјално ситуиран живот ве прави жртва на една недостижна опсесија.

Кој е лекот?

Едноставно кажано во несовршенството пронајдете ја убавината!

Луѓето се несовршени, а во несовршенството да ја пронајдете убавината и да ги цените добрите наместо лошите работи е единствениот начин да не постанете огорчена стар/а ергенин/мома која цела младост го имал/а најдоброто покрај себе, но секогаш верувал/а дека нема ништо и талкал/а по подобро. На крај ќе останете сами со својата избледена убавина, дебелото банковно салдо и убавиот стан. Можеби и без тоа, којзнае…

Научете да се задоволите да го цените она што го имате за еден ден да станете сопруг/а улога за која вреди да се жртвува дел од листата со критериуми за избор на вистинскиот животен сопатник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi