Недостапни фраери: Прекрасен е, но нешто не е во ред

16 април, 20180
4 copy

Двосмислените изјави, нејасните реченици и многу добриот фраер се енигма за жените. Не сте сигурни во што да верувате, бидејќи е прекрасен кон Вас и се чувствувате одлично, но и понатаму нема напредок во врската. Треба да го преиспитате неговото однесување и да видите дали воопшто има смисла врската со некој кој малку е, а потоа малку не е заинтересиран за Вас.

Љубовниот советник Дејвид Виган вели дека четири знаци откриваат дека тој нема само многу работа, туку дека е во врска или е во потрага по други жени. Доколку било кое од овие тврдења важи за врската во која се наоѓате, сметајте го за недостапен и откачете го.

Ви се јавува повремено

Ви се јавува од време на време, а Вие секогаш му се јавувате, но тој ретко е достапен. Се оправдува со многу работа и семејни обврски.

Многу ветува, а малку исполнува

На состанок со него се чувствувате фантастично, како да сте со својата сродна душа, но по состанокот тој исчезнува и не се слушате со денови. Додека размислувате што се случило, тој одненадеж Ви се јавува и Ви ветува дека ќе биде тука за Вас, прекрасни излегувања, дружења, но и по неколку месеци ништо од ветеното не е остварено.

На почетокот од врската вели дека не би сакал да се дефинира

Уште на почетокот поставил правило за тоа како е подобро веднаш да не сте во официјална врска, туку дека прво треба да се запознаете и да оставите работите да се одвиваат полека. Откако ќе почнете да спиете заедно ситуацијата не се менува, а тој Ви вели дека со Вас е искрен уште од почетокот.

Многу зборува

Внимателно слушајте што зборува, а обрнете внимание на деталите со кои можете да го фатите во лага и да заклучите дека приказната не држи. Мажите коишто се „зафатени“ често пати многу зборуваат за да Ви го одвлечат вниманието од работите кои Ве мачат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi