Оваа грешка во креветот може скапо да ве чини!

9 јуни, 20200
сс

Пазете се…

Знаете како оди „сценариото“, кога парот конечно ќе стигне до секс, обично мажот е оној кој го вади кондомот од паричник или од задниот џеб… Бидејќи секогаш има (барем) еден „за секој случај“.

Секако, на кондомот извлечен од паричник можеби одамна му е истечен рокот на траење, бидејќи тука е ставен веројатно уште од жижата на тинејџерскиот оптимизам, но тука е. За секој случај.

И сега сериозно.Тоа никогаш не треба да го правите. На кондомите не им е место ниту во џеб ниту во паричник. Паричниците и џебовите се ужасно место за кондоми и не ги чувајте таму. Поентата, меѓу другото е дека оваа контрацепција е чувствителна на топлина.

“Топлината, влагата, триењето и светлината можат да влијаат на квалитетот на кондомите и да ги направат помалку ефикасни”, објаснува д-р Карин О’Саливан, за британскиот “Метро”.

Џебови и паричниците се премногу жешки места за чување на кондоми, бидејќи тие се премногу блиску до телото. Кога кондомите се топли, латексот станува послаб, а ризикот од пукање на кондом е поголем. И кога ќе го додадете и триењето кое е неизбежно ако го носите во задниот џеб, ризикот е уште поголем.

Кондомите не треба да се складираат ниту во бањата, бидејќи влагата може да ги оштети, како и на друго место, каде што се изложени на директна сончева светлина или високи температури (дури ниту во одделот за складирање во автомобилот).

Чувајте ги на темно место, на собна температура и периодично проверувајте го рокот на траење … Особено ако не сте биле во врска долго време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi