Џемпери според обликот на телото

26 февруари, 20180
5

Потпрете се на овие совети за да ви биде поудобно и топло во целата сезона. Изберете најубави џемпери на копчиња за вашата силуета. Еве како:

Ако имате мали гради
Купете џемпер со украс на градите. Карнери може да помогнат, но можеби е поефикасно и модерно малку лажно крзно и перје. Дополнителниот слој прави градите да ви изгледаат полни и нема да се залепи за вашите непостоечки облини како што памукот или кашмирот тоа го прават.

Ако сте слаби
Не дозволувајте вашето слабо тело да се изгуби во плетка без облик. Држете се кон подолги јакни со тенок појас кој ќе му даде стил и дефиниција на обичниот џемпер. Само запомнете појасот мора да го врзувате на вашата природна висина на половината, за да фигурата изгледа како песочен часовник.

Ако сакате да ги сокриете своите раце
Побарајте џемпери кои се во облик на топка, во прашање се џемпери кои имаат додатен простор од лактот до рамениците, нудат совршена маска за надлактиците кои не сакате да ги покажувате. Со оглед на тоа дека овој удобен стил е прилично безоблик, искомбинирајте го со потесна блуза за да горниот дел од телото има некоја дефиниција.

Ако имате големи гради
Големите гради и закопчана јакна ретко идат заедно, поради што таквиот изглед често изгледа премногу стегнат и никако убаво. Определете се за потенки, полесни џемпери кои немаат копчиња,патент или куки за закопчување и кои убаво ќе прилегаат околу градите.

Ако сакате да го покриете стомакот
Копчиња во два реда и на половината благо заоблен модел, визуелно ја издолжува крупната половина. Доколку постои жица преку градите, тоа значи додатно покривање, кое е потребно за сокривање на изразениот стомак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi