Тренд на кој не му одолеаа ниту познатите личности: Ова лето сите носат само еден шешир!

27 јули, 20180
s1

Минатата година аксесоар кој што најмногу се издвојуваше на плажата, беше шешир со натпис, а оваа година станува збор за нешто повеќе стилизирана форма на овој моден детал за заштита од сонце – во поглед на неговата преголема форма, заштитата од сонце е загарантирана повеќе од секогаш, а притоа изгледа апсолутно величенствено!

Шеширот од колекцијата “Ла Бомба” на Симон Порте Жакемус за кратко време стана жешкoто парче, кое сите сакаат да го носат.

Шеширот од слама за прв пат беше претставен во колекцијата за летото 2017 година, а подоцна се појавуваше во најразлични варијанти, па оваа година ја завзема XXL верзијата, која трендсетерките едноставно ја обожаваат.

Сите го носат од Емили Ратајковски до Пернил Тејсбек, а данската манекенка Ема Лет со овој шешир дури се и омажи.

Цената на шеширот изнесува дури 697 долари, но тоа секако не ја спречи потребата за овој впечатлив аксесоар, кој веќе неколку пати е распродаден и повторно вратен за продажба.

Причината за тоа секако лежи во неговиот повеќе од ефективен изглед, но и во фактот дека на едно обично издание за на плажа му дава посебен глам ефект.

Во продолжение погледнете како ги носат трендсетерките и инспирирајте се од нивниот стајлинг:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi