7 фантастични летни плетенки достојни за црвениот тепих

27 јули, 20180
p5

Иако ова пред сè е уредна и едноставна фризура може да се носи секојдневно во врелите летни денови, најновите инспирации за фризура ни ги претставуваат плетенките во ефективна форма, кои се подеднакво добри за носење и во свечени моменти.

Ако нас не прашувате – две во едно, тоа е една од најдобрите творби на модерното општество, и овој маркетинг трик не мора, се разбира, воопшто да го допира маркетингот, ниту одредени производи, повеќе за помалку е секогаш пожелна опција.

Плетенките доживеаја голем пресврт во светот на косата уште неколку години наназад и оттогаш не се симнуваат од тронот на најомилените летни фризури.

Причина за тоа е сигурно нивната практичност, имајќи предвид дека со сплетена коса, таа целосно се тргнува од лицето, но и вратот, а притоа цел ден изгледаме средено, а во зависност од видот на плетенката, и акцесоарите, можете да постигнете многу шик изглед.Џенифер Лопез неодамна тоа го демонстрираше на еден од нејзините настапи, кога сплетената косата неочекувано ја подигна во пунџа и така постигна крајно ефектен и елегантен изглед.

Варијанта со шешир или капче за плажа, не изгледа ништо помалку ефективно, а поентата на целиот изглед е во тоа што кога еднаш ќе ја сплетете косата, за неа воопшто не треба да размислувате во остатокот од денот, се е на свое место.

Во продолжение погледнете некои од најактуелните инспирации кога станува збор за фризури со плетенки:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi