Дали го пробавте dipping маникирот?

7 декември, 2018
manikir

Dipping ili dip-powder е нов начин на изработка на маникир, кој ги зајакнува и продолжува природните нокти. Методот со потекло од Америка ја заменува досегашната техника за правење на нокти со гел или акрил, а поради неговите повеќебројни предности станува сè попопуларен и кај нас.

При изработката на овие нокти, не се користат никакви додатоци кои ќе ви ги исушат ноктите, УВ ламби, електрични и други машини. Се користи база, активатор и сјај кои се сушат на воздух во комбинација со прашок во прав што содржи титаниум, калциум, витамин Е и гума.