Домашен восок за депилација
28 март, 20180
Многу често се случува да немаме време да одиме на депилација или токму кога нас ни одговара да нема слободен термин, па останува да го направиме она што најмалку го сакаме, а тоа е да употребите жилет.
За да не го направите тоа еве едноставен рецепт како да подготвите восок за депилација.
Потребни состојки:
2 чаши шеќер
¼ чаша вода
¼ чаша сок од лимон
Ставете ги сите состојки во еден сад, и ставете ги на оган. Нека биде на умерена температура за да се растопи смесата без да се згусне премногу. Кога ќе стане леплива тргнете ја од оган. По потреба може да ја загревате.
Нанесете од смесата на месата каде сакате да се издепилирате и со памучни крпчиња отстранете ја.