Домашни лекови против стрии

26 март, 20180
1

Елиминирање на стриите е напорна и тешка задача, која на многумина им одземала многу време, но и трпение. Постојат повеќе начини на кои овој проблем може да биде решен, како што се абразија или пак со помош на ласерка технологија, но тие чинат многу пари и не може секој да си ги дозволи. 

Стриите обично се појавуваат во пределот на абдоменот, горниот дел од рацете, на задникот и на градите. Причините може да вариваат, а најчесто се последица на бременоста, нагло растење, нагла промена на тежината, стрес или пак поради наследен фактор. Сепак не треба да очајувате, бидејки во продолжение ќе ви претставиме 6 начини кои можат навистина да ви помогнат во нивното намалување, а можете да ги направите сами дома. Но запомнете треба да ги применувате редовно и да бидете упорни.

Лимонов сок

Употребата на лимонов сок е еден од полесните начини за отстранување на стриите. Лимоновиот сок е природна киселина, чии својства се идеални за справување со стрии, акни, лузни и други оштетувања на површинската кожа. Потребно е да ги следите следниве упатства:

– Лимоновиот сок со кружни движења тријте го на стриите.

– Оставете го сокот на површината на кожата и почекајте 10тина минути да се впие.

– Потоа исплакнете ја кожата со топла вода.

– Правете го ова три пати на ден, се додека не ги добиете посакуваните резултати.

Истово можете да го правите и со сок од компир, бидејки неговиот сок содржи минерали и витамини кои се погодни за раст и регенерација на клетките на кожата. За ова, не е неопходно да го ставате компирот во соковник, бидејки кога тој ќе се исече на парчиња самиот ослободува течност, па така можете кожата нежно да ја триете со парче компир. Постапката е иста како и со лимоновиот сок.

Моркови на пареа

Многумина овој начин го сметаат за успешен, а се состои од тоа што најпрво треба на пареа да готвите неколку моркови, се додека не омекнат. Потоа направете пире од морковите и смесата ставете ја на оштетената кожа. Оставете ја смесата вака аплицирана, колку подолго можете.

Путер од какао

Путерот од какао е одамна познат по својата способност да ја спречи појавата на стрии за време на бременоста. Тој е ефикасен бидејки навлага длабоко во подповршинскиот дел од кожата. Треба да се нанесува барем два пати во текот на денот. По еден до два месеци стриите ќе почнат да се редуцираат.

Алое вера

Алое верата се користи често во козметиката, како третман за различни кожни проблеми, вклучувајки ги тука и стриите. Алоето ја одржува кожата хидрирана и ја регенерира. И покрај тоа што постојат многу продукти кои содржат Алое, сепак најдобро е да се користи сок од свежо набрано растение, и тој да се нанесува на кожата два до три пати на ден.

Белки од јајца

Јајцата се богати со протеини и амино киселини, а тоа ги прави добар лек против стрии. За да ги употребите во ваква намена, потребно е да изматите две белки од јајца, со што ќе добиете снежно бела смеса. Со четка за руменило нанесете ја смесата на оштетената кожа, оставете да се исуши, и по некое време исплакнете со ладна вода. Потоа нанесете маслиново масло на кожата, со цел да ја одржите хидрирана.

– Совет

За што и да се одлучите, повторувајте го процесот секој ден се додека не ги добиете очекуваните резултати. Не бидете брзоплети, потребно е подолго време за навистина да се забележи разликата. Исто така, секогаш одбраната смеса нанесувајте ја на чиста кожа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi