Имате сува кожа на лицето? Ова е најдобрата рутина за нега

26 септември, 20180
lice

Сувата кожа е еден од проблемите на денешницата, а престојот во климатизирани простории и брзиот животен стил сигурно не помагаат кај овој тип на кожа на лицето.

Првенствена карактеристика на сувата кожата е недостаток на прехранбени материи, односно липиди. Сувата кожа на лицето е проблем на кожата кој може да се појави во било кое време од годината, но и во било кое време од животот. Кратко објаснето, нашата кожа станува сува кога нејзиниот надворешен слој не е доволно хидратизиран, и таа ја губи својата заштитна функција.

Така ја губиме водата преку нашата кожа побрзо отколку што можеме да ја надоместиме, а тоа предизвикува сува кожа.

За овој тип на кожа најважно е да се користат нежни препарати за чистење на лицето, но и да се обезбеди добра и доволна хидратација на кожата.

Кај сувиот тип на кожа на лицето побрзо доаѓа до создавање на фини линии и бори, првенствено поради тоа што кожата е помалку еластична и произведува помалку колаген.

Научно е докажано дека повеќето бори се појавуваат во областите кои имаат најголема изложеност на сонце, иако постојат и други фактори кои придонесуваат за зголемувањето на борите.

Значи, со адекватна нега со нежни производи, секако би требало да ја избегнувате директната сончева светлина, а користењето на заштитниот фактор треба да ви стане секојдневен ритуал.

Исто така, од исклучителна важност е секојдневно да се храни кожата и да и се пружи доволна хидратација.

Со досегашните хидратантни креми и серуми од сега можете тоа да направите и со помош на засилувачи.

На пример Minéral 89 од Vichy кој содржи 89% термички минерализирани води и ќе ја одржи кожата на оптимално ниво на хидратација, без суви, делови кои се лупат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *