Поедноставете ја вашата рутина за шминкање

2 април, 20180
6

Вашата утринска рутина за разубавување воопшто не треба да биде долга. Потребни ви се само неколку основни производи за да изгледате беспрекорно за помалку од 5 минути.

Коректор

Треба да се покријат подочниците или пак некое црвенило кое само што се појавило.  Потребни ви се само 30 секунди за да нанесете коректор. Коректорот може да го нанесете пред или по нанесување на пудрата – експертите се со поделени мислења во однос на ова. Експериментирајте за да дознаете што повеќе ви одговара.  Користете многу мала количина на коректор и тапкајте го на вашата кожа наместо да го триете. Можете да користите четка, сунѓер или вашите прсти. Изберете нијанса која е многу блиску до вашата природна кожа.

ББ Крем

ББ крем е крем со повеќенаменска употреба, која треба да биде дел од секоја зафатена бизнис жена или девојка. Најпрвин се распотранува во Азија за сега да биде исто толку популарна и во Америка. Овој продукт може да осветлува, хидратира, па дури да ви ја видоизмени кожата на лицето. Кремот воопшто не е тежок . Со некои ББ креми може да прескокнете дури и коректор и пудра, крема за сончање, серум против стареење и хидратирачки лосион. Може да покрива акни, бори, да ви го изедначи тенот и осветли кожата. Може да се нанесе самостојно или пак во комбинација со шминка со минерали.

 Моливче за очи или сенка

Изберете само едно, не ви се потребни двете кога сте во брзање. Ако посакувате едноставен, природен изглед, само изберете сенка во неутрална боја. Доколку сакате да ги нагласите вашите очи, тогаш избрете моливче за очи. Повлечете линија само на горниот дел од капакот. Нанесете само еден слој од маскарата за да не мора да чекате за  да нанесете втор слој. Шминкањето на очите не треба да ви одземе повеќе од минута или две.

Бронзер или руменило

Ставете малку сјај на лицето со руменило или о бронзер. Ова особено е важно доколку вашиот природен тен е малку поблед. Користете посветли нијасни – немора да употребите повеќе боја за да направите разлика. Доколку нанесувате бронзер гледајте да биде само една или две нијанси потемен од вашиот тен.

Сјај за усни

Последно што треба да нанесете е сјајот за усни. Потребни ви се само неколку секунди за да нанесете сјај за усни и истото може да го напарвите додека излегувате на врата. Доколку сакате повеќе кармин тогаш одвојте малку време за да нанесете и моливче за усни. Пред нанесување на карминот со моливчето за усни пополнете ги целосно усните. Ова ќе му даде добра основа на вашиот кармин и ќе го направи подолготраен.

Организирајте се

Доколку сакате наутро со лесно да излезете од вратата, потребно е да се организирате и да бидете негувани. Средете ги вашите веѓи за да не бидат неуредни наутро.  Бојадисувајте го вашиот корен на неколку недели за да одбегнете проблеми со косата во последен момент. Организирајте ја вашата бања со сите потребни производи за убавина, за да ви бидат достапни и на погодна локација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi