Со квасец против акни и сува кожа

30 мај, 2018
6

Квасецот може да најде и друга примена освен во подготвувањето на вкусен леб или пита. Тој содржи голема количина на биотин што е одличен за борба со акните. Овие едноставни рецепти може да ви бидат од корист.

Против акни

Една супена лажица квасец во прав прелијте со една лажица врела вода и оставете да стои пет минути. Во изладената смеса ставете една лажица мед и малку желатин во прав. Сето тоа убаво промешајте го и маската нанесете ја на саканите места. По 20 минути измијте го лицето.

За сува кожа

Доколку имате сува кожа, во смесата која ја наведовме за акни само додадете една жолчка и маслиново масло. По 20 минути вашата кожа ќе биде мека и сјајна како да сте имале скап козметички третман.