Совршен мајкап за девојки кои носат очила

11 април, 20180
4

Носите очила и мислите дека нема потреба од шминка – па кој ќе ја примети шминката под тие големи рамки? Погрешно мислење! Гледајте на вашите очи како на слика, уметничко дело. Очилата се само рамки на таа слика! А ако сакате да привлечете внимание на тоа уметничко дело, морате да користете соодветна боја!

Еве ви 10 совети како да блеснете во потполн сјај

1. Клучот е во рамнотежата

Ако сте љубител на големи рамки, тогаш сенката за очи нека биде во неутрална боја, а усните нека бидат со кармин во јака боја.

2. Пронајдете ја вистинската маскара

Ако вашите трепки често ги допираат стаклата на очилата и ги валкаат, тогаш заменета ја старата маскара со нова. На пример, ако користите маскара со сува формула, заменета ја со водоотпорна.

3. Користите виткач за трепки

Уште еден начин да спречите трепките да ви се допираат за стаклата на очилата е да ги навиткате, освен тоа вашите трепки ќе изгледаат и визуелно подолги.

4. Не штедете ја козметиката

Очилата привлекуваат внимание на вашите очи, но исто така и на сите неправилности на вашето лице, црвенилото и темните флеки можат да бидат видливи и ако носите очила. Пронајдете ја козметиката што одговара на вашиот тип на кожа и постигнете го бараниот тен.

5. Средете ги веѓите

Веѓите мораат да ги пратат контурите на лицето и многу важно е да не се изгубат зад рамките од очилата. Редовно средувајте ги веѓите и сите недостатоци надополнете ги со моливче за веѓи

6. Бојата на моливот за очи мора да е усогласен со рамката за очила

Не, не мислиме дека моливчето треба целосно да се совпаѓа со рамката од очилата. Размислувајте за очилата како на неопходен моден детаљ. Ако носите црни рамки, на располагање имајте ги сите нијанси на моливче за очи од темносини до тиркизни. Ако имате светла рамка? Употребете нијанса на оникс.

7. Наслаги од пудра

Ако на вашето лице често се забележува наслаги од пудра, сенка за очи – не сте единствени. Затоа најдобро е секогаш со себе да носите сунѓерче за нанесување на шминка со кое ќе можете да го отстраните непотребниот вишок.

8. Боја во внатрешната линија

Кога шминката ја прилагодувате на очилата, златно правило е таа да биде внатре. Тоа значи дека сенката за очи не треба да ја преминува горната линија од рамката на очилата.

9. Неутрална сенка за очи

Избегнувајте темна шминка. Ако очилата ги зголемуваат вашите очи, ќе делувате премногу сериозно и дополнително ќе ги нагласи. Но ако очилата ги смалуваат вашите очи, темната шминка дополнително ќе ги намали. Затоа изберете неутрална сенка за очи, како шампањ или бледо розе

10. Мачкини очи

Испробајте секси мачкини очи и експериментирајте со стиловите. Пронајдете точно што одговара на вашите очи и постигнете секси изглед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi