Третмани за убавина со компир

13 март, 20180
5

Компирот е супер храна која содржи многу витамини, одличен е за здравјето, но и за убавината. Освен тоа што со негово консумирање внесуваме витамини кои и се потребни на кожата, може и да направите хранливи маски за кожа и коса кои ќе го подобрат нивниот квалитет.

Лосион за коса

Овој лосион ќе го врати сјајот на косата, а со редовна употреба и ќе ја затемни за една нијанса бојата на косата. Лосионот е добар за нега на косата, а и за нега на кожата на главата. Потребно ви е:

–      една шолја лушпи од компир

–      2 шолји ладна вода

–      2 капки етерично масло од рузмарин

–      1 лажичка алкохол

Лушпите од копмирот ставете ги во еден сад за варење и посипете ги со водата. Варете ги 5 минути. Оставете 5-10 минути да се излади, па процедете ја течноста. Измешајте го етеричното масло и алкохолот и додајте ги. Со овој лосион масирајте ја косата и кожата на главата. Нема потреба да го измивате лосионот.

Маска од компир за сува и чувствителна кожа

Изрендајте ситно еден компир, во него ставете една жолчка и една лажичка маслиново масло. Со оваа смеса премачкајте го лицето и оставете да делува 20 минути. Измијте се со ладна вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi