Во овие ниски чевли се живее на висока нога

11 декември, 2018
чевли

Толку се добри што не им е потребна потпетица.

Сите сме во исчекување на зимските попусти со кои ќе ја обновиме гардеробата, а дотогаш сме во потрага по совршени подароци за најблиските, фустани и чевли за претстојната party сезона. Иако чевлите со високи потпетици за многумина се првиот избор, ние пронајдовме генијални рамни модели кои се создадени за забава.

Во луксузната понуда се истакнуваат брендови како што се Balenciaga, Prada, Jimmy Choo, Rochas и многу други, а богата понуда имаат и high-street брендовите како што се Zara и Charles & Keith. Во галеријата ќе ги откриете генијалните модели на рамни чевли за оваа party сезона.