20 јули, 2019

Радио

Со новата модерна сезона стигна и новиот култен кодекс за висока улична мода на брендот Зара, кој веќе сите го сакаат: туника со дезен на винтиџ свилени шалови.

Парчето кое сите трендсетерки го сакаат од новата колекција на популарниот бренд, изгледа како да е од свила, иако е 100 проценти полиестер, и делува многу винтиџ. Меѓу првите ја облече блогерката Блер Еди и покажа како туниката со впечатлив дезен, која се врзува на половината, да се усогласи со “шарена” шамија.

Oваа есен токму примероците на свилени шалови како што доминираа во 80-тите години на минатиот век, чии предводници беа модните куќи на Версаче и Хермес, ќе бидат вистински хит, а нивното враќање го најавија бројните луксузни брендови како Richard Quinn, Toga и Salvatore Ferragamo.

И покрај тоа што туниката од Зара е на добар пат да стане уште еден од нивните културни дела, во својата нова колекција имаат и плисирани здолништа, кошули и боди со сличен дезен, а сигурно ќе има уште многу модели со впечатлив дезен кои ќе стигнат во брендираните продавници. Додека чекаме нови парчиња, погледнете како трендсетерките го носат новото “it“ парче облека од Зара.

Остави коментар

Почетна // живот // Зара има ново хит парче, без кое нема да помислиме на есен!
Горе