“Грдите” нокти може да бидат симптоми на тумор

14 август, 20180
n

Џан Тејлор откри дека нејзините “грди” нокти всушност се симптом на рак на белите дробови, и одлучи да го сподели тоа со другите, за да ги предупреди.

Џејсон Тејлор (53) беше шокирана кога откри дека нејзините свиткани нокти (криви надолу) всушност се симптом на рак на белите дробови.

Таа очекувала дека изгледот на ноктите е вроден, бидејќи такви нокти имала нејзината мајка, на која инаку и било отстрането белодробно крило поради рак. Сепак, нејзината ќерка, Стефани, била загрижена и “гуглала” за нејзините свиткани нокти и открила дека може да биде симптом на рак на белите дробови. Џан прво мислеше дека сигурно се е во ред, бидејќи што и да барате, Google ќе ви каже дека тоа може да биде симптом на рак, но одлучи да оди на лекар.

Лекарите го препознале симптомот и веднаш ја испратиле на тестирање, кои откриле два тумора со големина на топчиња за голф во нејзините бели дробови.

“Претходно, јас работев во фабрика и ноктите секогаш ми биле кратки. Пред шест недели добив канцеларијска работа и одлучив да ги пуштам. Јас отсекогаш сум имала лоши нокти и никогаш не биле толку долги. Ќерка ми рече:” Боже, колку се грди ” . Не сакав да одам на лекар поради свитканите нокти, но јас сепак отидов за да ја смирам својата ќерка која  беше загрижена. Мислев дека тоа е губење на време, и ни за еден милион години не би помислила дека ќе се дијагностицира рак на белите дробови. Никогаш. Кажав “се чувствувам глупаво, но дојдов поради ова и им ја покажав раката “, вели Џан.

Оваа жена сега ја очекува операција за отстранување на нејзините тумори, но и интензивна терапија.

Кога таа беше дијагностицирана, отиде во салонот и своите “грди” нокти ги обои во металик сива нијанса, за да го прослави  фактот дека тие го спасиле нејзиниот живот и и помогнале рано да се дијагностицира болеста, а потоа на Фејсбук сподели слика, за да се подигне свеста за овој симптом на болест.

Таа сака да ги поттикне луѓето кои имаат такви нокти да одат на лекар со цел да ја воспостават дијагнозата порано, ако имаат тумор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi