Шест причини за секое утро да пиете солена вода!

23 јули, 20180
zivot

Конзумирањето на солената вода во текот на утрото, на празен стомак, е сè попопуларно. Еве зошто луѓето тоа го правати дали има нешто добро во тоа.

На почетокот, она што е важно да знаете е дека исклучиво хималајска сол се користи за овие потреби, која е позната поради нејзините квалитети и се смета дека е чиста форма на солта бидејќи не се обработува никако.За разлика од солта што ние ја користиме, хималајската е богата со јод, а розеникава боја има поради железо-оксидот. Сметаат дека оваа сол содржи 84 минерали во себе!

За да ги внесат сите тие минерали, се повеќе луѓе хималајската сол ја раствара во вода и пие наутро, на празен стомак. Ево зошто тоа е добро.

Како се подготвува солената вода

Во тегла со пластичен капак ставете една четвртина од Химлајската сол, остатокот дополнете го со вода. Затворете, протресете и оставете ја да стои преку ноќ. Ако цела сол не се раствори до утрото, оставете малку да одстои. Кога ќе се раствори, напитокот е подготвен за пиење – секое утро една лажичка од таа течност ставете во чаша, додадете обична вода од чешма (на собна температура) и испијте.

Природни електролити

Од научна гледна точка, солената вода е богата со електролити, кои се многу важни за здравјето. Кога водата и солта се мешаат, негативните јони на молекулите на водата се комбинираат со позитивните јони на солта и обратно. На овој начин тие електрично се полнат, поради што внесените минерали многу лесно се апсорбираат во телото. Тоа помага и во одржувањето на балансот на течности во телото, преку испраќање сигнал од една клетка до друга, и им помага на бубрезите во исфрлање на токсини.Нутриционистката д-р Анџу Суд вели дека на овој начин се внесуваат многу важни минерали во организмот, но нагласува дека солената вода не би требало да ја пијат оние кои имаат дисбаланс на солите, минералите или витамините, како и оние што имаат хипертензија.„Солената вода обезбедува баланс на електролитот во организмот. Од ајурведската медицина велат дека со тоа се внесува и позитивна енергија во телото и се подобрува циркулацијата”.

Го хидрира телото

Солената вода содржи важни електролити кои му помагаат на организмот нормално да функционира и да има енергија во текот на целиот ден. Пиење на обичната вода исто така е добро за здравјето, бидејќи и токсините се исфрлаат, но важните минерали можат да се исфрлат заедно со нив.Предноста на солената вода е што го хидрира телото и обезбедува минерали кои не би се изгубиле ослободување на токсините.

Обезбедува витамини и минерали

Сигурно веќе знаете колку витамините и минерали се важни за организмот – имаат различни улоги во регенерирањето на ткивата, зараснувањето на раната, подобрување на иммунолошкиот систем, зајакнување на коските. Хималајска сол во себе има траги на 84 различни минерали, а внесувањето на овие минерали низ солената вода овозможува нивно побрзо апсорбирање.

Чиста кожа

Вистина е дека овие бројни минерали помагаат во борбата против проблемите со кожата. На пример, цинкот помага во регенерирање на ткивата и спречува појава на акни. Јодот и хромот помагаат во борбата против кожни инфекции, а сулфурот ја одржува  кожата мазна и чиста.

Подобар сон

Минерали во солената вода помагаат да се опуштите и да го смирите нервниот систем. Исто така, помага во контролирањето на хормонот на стресот, поради што подобро ќе спиете и телото ќе се одмори.

За подобро варење

Солената вода ги активира жлездите на плунката. Хималајска сол исто така  ги стимулира хлороводородната киселина и одредени ензими кои му помагаат на метаболизмот да ги “разложи” протеините. Добро делува и на панкреасот и системот за варење воопшто.Значи, иако се чини дека солна вода е одлична напивка за почеток на денот, не треба да започнете да пиете пред да се консултирате со лекарот, особено ако имате некои хронични здравствени проблеми, како што е висок крвен притисок или дијабетес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi