Ева Лонгорија ужива со синот Сантијаго: Актерката нѐ шокираше со својот изглед
На актерката Ева Лонгорија животот целосно и се промени откако го роди синот Енрике Сантијаго. Тој стана центар на нејзиниот свет, а колку ужива во раните денови на мајчинството, толку многу уживаше и во текот на нејзината бременост, па воопшто не и пречеа вишокот килограми кои ги доби.
– Луѓето ми велат побрзо да ослабам, но не ги слушам. Се угледувам на мојата мајка и сестрите кои се силни жени и постапувам како нив, рече еднаш ѕвездата на „Очајни домаќинки” за списанието „People“, коja по некое време се врати во теретана.
Резултатот од нејзиното напорно вежбање, актерката го покажа на најновите фотографии во бикини.
Ева и нејзиниот син уживаат во Марбела, а покрај насмевката што ја покажува нејзината бескрајна среќа, нејзините обожаватели секако ја забележаа и нејзината беспрекорна линија.