18 јануари, 2019

Радио

Одличен рецепт за ручек кој ќе го подготвите за половина час.

Кога немате баш многу време за да подготвите оброк, можете да го зготвите ова вкусно пилешко со печурки во сос од домати.

Состојќи:

  • Еден пилешки стек
  • ½ кромид
  • 100гр печурки
  • 3 чешниња лук
  • Сол и бибер по вкус
  • Зачини по ваш вкус

Подготовка:

Исечете го кромидот и пржете го, потоа додадете го пилешкото месо  исецкано на коцки.

Исчистете ги печурките и исечете ги на парчиња, а потоа додадете  ги во пилешкото. Ставете сол, бибер и зачини по вкус, пржете на среден оган 10-15 минути, а потоа додадете го сосот од домати и оставете го уште десет минути, така што месото ќе биде целосно меко и ќе го впие сосот.

Со овој оброк ви препорачуваме да јадете лесна салата, на пример, зелена салата.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Пилешко во сос од домати
Горе