20 септември, 2019

Радио

Ви претставуваме рецепт за шпагети во песто сос, на италијански начин. Идеален за романтична вечера за двајца со чаша бело вино.

Состојки:

  • 250гр. тестенини
  • Лажичка маслиново масло
  • 1 чешне лук
  • 500гр. спанаќ
  • 200гр. ливчиња свеж босилек
  • 60гр. пармезан
  • 250гр. исецкани црвени пиперки
  • 1 лажичка бибер

Подготовка:

Сварете ги тестенините, исцадете и ставете ги во поголем сад. Во блендер ставете маслиново масло, лук, спанаќ, босилек, пармезан и малку вода. Сето ова заедно блендирајте го додека не добиете хомогена смеса. На умерена температура ставете неколку капки масло, загрејте го сосот и потоа истурете го врз тестенините. Додадете ја ситно исецканата црвена пиперка и се заедно убаво измешајте.

Сервирајте и послужете со чаша бело вино.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Тестанини во песто сос
Горе