20 август, 2019

Радио

Францускиот пронаоѓач и авантурист Френки Запата успешно го поминал англискиот канал за 25 минути со леталото!

Овој авантурист пропатувал 33 километри на „летачката даска“ за помалку од половина час, а ова беше негов втор обид  да го премине каналот.

Тој полетал од Сангат во Северна Франција и слетал на заливот Св. Маргарет во Довер, Англија.

Ова беше негов втор обид, бидејќи тој мораше да го заврши патувањето на крајот на јули, поради проблеми со горивото.

„Последните пет-шест километри беа вистинско задоволство за мене! Не знам дали ова е историски настан или не, останува да се види“, рече скромно пред англиските новинари кои го поздравија.

Остави коментар

Почетна // вести // Лудило: Французинот го прелета каналот Ламанш!
Горе