Адел: Му кажа збогум на половина од богатството

9 мај, 20190
adel 3

Бидејќи не потпишала предбрачен договор, популарната британска пејачка Адел, која се разведува од сопругот Сајмон Конецки, ќе мора да му даде минимум 80 милиони евра.

Британската пејачка Адел (31), позната по баладите за невозвратената љубов и болните раскинувања, одлучи да стави крај на нејзиниот тригодишен брак. Сопственичката на неколку од најпопуларните хитови во изминатата деценија, се разведува од нејзиниот сопруг, американскиот бизнисмен Сајмон Конецки (45), потврди нејзината портпаролка Бени Тарантини на за Guardian. Бидејќи тие не потпишале предбрачен договор, Адел ќе мора на својот поранешен сопруг да му отстапи половина од своето богатство, кое се проценува на 160 милиони евра.

Во соопштението за јавноста се наведува дека тие по разводот „заедно и со многу љубов ќе се грижат за својот шестгодишен син Анџело”.

– И двајцата се посветени на заедничката грижа за својот син. Како и секогаш, Адел моли за почитување на приватноста – изјави портпаролката на пејачката за Би-Би-Си.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi