Актерката блесна со вереничкиот прстен
Не можеше да го сокрие.
Американската актерка, Џенифер Лоренс (28), беше фотографирана во Париз со веренички прстен на нејзината рака. Имено, фотографите ја забележале додека актерката ја напуштала Fashion Week во францускиот главен град, а огромниот дијамант на раката го привлече најголемото внимание. Едноставната комбинација на Џенифер ја нагласи нејзината тенка линија, а веремичкиот прстен совршено се вклопи во нејзиниот outfit.
Да ве потсетиме, 28-годишната актерка и Кју Марини (33) се верија на почетокот на на овој месец, а ова го потврди и нејзината портпаролка. Прекрасната оскаровка и Марони се во врска осум месеци, а ги запозна нејзината најдобра другарка, Лаура Симпсон.
„Изгледаа како нешто да слават и луѓето во ресторанот зборуваа за тоа. Прстенот е многу воочлив. Тие седеа во аголот, а таа носеше симпатичен црн фустан со точки “, рече еден човек за „People“ коj седел во близина на двојката во ресторанот кога Кук ја запросил Џенифер.