Анџелина Џоли не го поднесе лесно разводот од Бред: Бев длабоко, вистински тажна и повредена

8 октомври, 20190
џџ

Пред три години, Анџелина Џоли доживеа трет брачен крах. На љубовта кон Бред Пит и дошло крај, а колку тоа ја погодило, открива во своето последно интервју за француско списание. Анџелина призна дека за време на разводот делумно се изгубила себеси и дека не се препознавала.

– Не знам што ќе ми досесе судбината, но она во што сум сигурна е дека сум во период на транзиција, враќајќи се на моите корени, бидејќи делумно се изгубив – рече 44-годишната актерка во интервју за францускиот магазин Madame Figaro.

Зборувајќи за разводот од Бред Пит, Џоли рече дека тоа било комплициран момент. Но, без двоумење таа зборуваше за болката што ја чувствувала:

„Мислам дека беше пред крајот на мојата врска со Бред, потоа се разведовме. Беше комплицирано, не се препознав повеќе, и станав некако помала, невежна, иако не го покажував тоа. Бев навистина длабоко, тажна и повредена, а од друга страна, беше интересно да се нурнам во таа смиреност и чувство на безначајност “, додаде Џоли.

– Тоа е лекција што им ја пренесувам на моите деца, таа идеја за обновување и можноста за среќа. Морав повторно да ја откријам мојата среќа. Можеби на крајот, тоа значи да се биде човечко суштество… Покрај тоа уште имав и некои здравствени проблеми.

Но, таа можност и помогна да се фокусира на добрите работи што ги има во животот.

– Сите овие работи се смируваат и ви помагаат да сфатите колку сте среќни што сте живи – вели актерката, која не крие дека нејзината внатрешна сила ја влече од љубовта на своите деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi