Анџелина гори од бес поради семејството Кардашијан! Бред доби закана: Или децата или тие луѓе!

1 октомври, 20190
a

Анџелина Џоли му е лута на својот поранешен сопруг, 55-годишниот актер Бред Пит, поради неговата блиска врска со семејството Кардашијан. Имено, откако Бред отиде на една од мисите што ги одржува Канје Вест, сопругот на Ким Кардашијан, странските медиуми брзо ја објавија веста за борбата помеѓу Клои и Кортни Кардашијан.

– Анџелина не може да го поднесе кланот Кардашијан и не сака нејзините деца да бидат во нивна близина, па затоа му дала ултиматум на Бред: или Канје или децата – открива извор за странски медиуми и објасни дека на актерката не и се допаѓаат политичките погледи, размислување ниту начинот на живот на ријалити семејството.

Изворот напомена дека актерот нема намера да го прекине пријателството со раперот и семејството Кардашијан.

– Ми се допаѓа што во светот постои Канје, поразличен е, имам чувство како да го нарушува постојаниот распоред. И тука е и неговата музика, тоа влијание не може да се одрече – рече неодамна Бред.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi