„Бијонсе ја злоставуваа познати пејачи додека беше тинејџерка!“

12 декември, 20190
b

Бомбастичен навод поврзан за раните денови на познатата пејачка!

Таткото на пејачката Бијонсе Ноулс, Метју Ноулс, објави дека таа и Кели Руланд биле злоставувани додека биле тинејџерки!

Метју, со кого Бијонсе не е во добри односи, во моментов ја промовира својата автобиографија во која ги изнесе овие тврдења.

Таткото на пејачката, кој истовремено беше и менаџер на групата Destiny’s Child, најави дека Бијонсе и Кели биле злоставувани на турнеја од момците од тогаш попознатата група Jagged Edge. „Тие во тој момент имаа 16 и 17 години, а момците беа над 20 години. На турнејата беа заедно, во автобусот се возеа заедно и секојдневно ми велеа дека момчињата ги злоупотребувале“, напиша Метју, кој не објасни каде бил во тоа време, наместо да биде со својата малолетна ќерка како нејзин менаџер …Ноулс додаде дека тој сепак интервенирал и ја прекинал турнејата, раздвојувајќи ги тинејџерките од четворицата млади мажи кои ја сочинувале групата Jagged Edge.

Метју, по 30 години брак, во 2011. година се разведе од Тина Ноулс, со која ги доби своите познати ќерки Бијонсе и Соланж. Тој честопати ја изневерувал Тина, а за време на бракот добил уште две деца со две различни жени, ќерката Кои и синот Никсон.

Истата година кога се разведе од нејзината мајка, Бјонсе ја прекина соработката со нејзиниот татко и го обвини за проневера, иако случајот никогаш не стигна на суд.

Метју пред два месеци изјави дека има карцином на дојка, што во многу мал процент на случаи ги погодува мажите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi