Ги изненади сите присутни на црвениот тепих: Blake Lively е повторно бремена

3 мај, 2019
Capture3

 Актерката Blake Lively е бремена со трето дете, а најавата за бременоста одлучи да ја направи со стил. На премиерата на филмот на нејзиниот сопруг Ryan Reynolds, во Њујорк, актерката со бремениот стомак се појави во неверојатен металик жолт фустан Retrofête.

 Третото дете не е толку големо изненадување за еден од нашите омилени холивудски парови. Во 2016. година, Lively најави дека таа и Ryan сакаат големо семејство, шегувајќи се: „Јас пораснав во семејство со пет деца. Мојот сопруг е во семејство со четири, па ние сме официјално одгледувачи. Можете да отидете на нашата веб-страница и ние ќе ви дадеме дете. “

Lively, исто така, разговараше со Marie Claire за тоа колку и е важна приватноста на нејзиното семејство. “Семејството е она за што најмногу се грижам и се однесувам заштитнички”, рече Lively.

Актерката исто така кажа дека таа и нејзиниот сопруг, Reynolds, се трудат да им овозможат на своите ќерки да имаат нормално воспитување или што е можно повеќе нормално.