Големо семејство – голема прослава: Бекамови потрошија цело богатство за новогодишната забава
4 јануари, 20190
Викторија и Дејвид Бекам организираа голема прослава за новогодишната ноќ, за која не жалеа пари, со цел да биде сè на највисоко ниво. Славениот фудбалер и модната дизајнерка организираа новогодишна забава за семејството и за најблиските пријатели, за што потрошија повеќе од 40.000 евра, пренесуваат странските медиуми.
Она што привлече дополнително внимание е дека најстариот син, Бруклин, на прославата ја донесе и неговата нова девојка, манекенката Хана Крос, со која се забавува неколку месеци.
Како што објавија, Бекамови само за спектакуларниот огномет на прославата потрошиле повеќе од 5.000 евра.
https://www.youtube.com/watch?v=2hdXWbXfUJI