Кланот Kardashian – Jenner ќе добие нов член?
1 јули, 20190
Најмладата сестра од кланот Kardashian-Jenner, Kylie, во неколку наврати изјави дека би сакала да и подари брат или сестра на нејзината едногодишна ќерка Stormi, и се чини дека нејзината желба наскоро ќе се реализира.
Имено, нејзината сестра Khloe го прослави својот 35-ти роденден и видеото од својата роденденска забава го сподели со обожавателите на Instagram.
И додека таа ги споделуваше впечатоците за нејзината забава, во позадина, една од сестрите довика дека е бремена.
Фановите тврдат дека тоа била Kylie и дека таа и Travis Scott, наскоро ќе добијат уште едно дете.