22 септември, 2019

Радио

Клои Кардашијан, 34-годишната ријалити ѕвезда, во текот на викендот, беше во придружба на еден од своите најголеми обожаватели, Нарбех, на неговата матурска вечер. Тој инаку води популарен Instagram профил посветен на нејзиното семејство. Токму на тој профил возбудениот матурант ги објави нивните заеднички фотографии од настанот.

– WOW! Споделувањето на фотографија со Клои од матурската вечер е искуство кое досега сите ги надмина. Сакам да и се заблагодарам на Клои, нејзиниот тим, мојот неверојатен ментор и моето семејство, бидејќи овозможија ова да се случи. Да се биде со Клои е како да бев со некој од своите роднини, никогаш нема да ја заборавам оваа ноќ! Уживајте во овие прекрасни фотографии! Толку многу сум благодарен! А ти Клои, ти си божествена! – напиша Нарбех под фотографиите на кои тој позира со неговата позната придружба.

Остави коментар

Почетна // Забава // Колои Кардашијан на ова момче му го оствари сонот: Никогаш нема да ја заборави оваа ноќ!
Горе