Леонардо Ди Каприо е обвинет за тешко злосторство

3 декември, 20190
d

Американскиот актер Леонардо Ди Каприо во саботата го негираше тврдењето на бразилскиот претседател Болсонарo дека тој помогнал во финансирање на здруженијата, наводно, поврзани со пожарите во Амазон.

 „Иако тие заслужуваат поддршка, ние не ги финансиравме овие организации“, рече Ди Каприо (45) во изјавата на Instagram.

Во своето неделно обраќање во четвртокот, Болсонаро го обвини Ди Каприо за „соработка поврзана со пожарите во Амазон“ со тоа што доброволно донираше 500.000 американски долари на  противпожарното здружение, за кое како што рече, подметнале пожари во еколошки чувствителна шума за да привлечат донации. Иако не го докажа ова тврдење, Болсонаро рече дека ДиКаприо издвоил дел од 500.000 американски долари за „луѓе кои ги запалија пожарите“.

„Иднината е ставена на коцка“, истакна Ди Каприо. Славниот актер, долгогодишен активист за животна средина, рече дека „во прашање е иднината на овој незаменлив екосистем и јас сум горд што стојам покрај групите што го штитат“.

Тој вети награда за сите оние кои во Бразил кои работат на „спасување на своите природни и културни богатства“. Почнувајќи од 2018. година, противпожарната бригада „Алтер до Чао“ им помогна на пожарникарите во борбата против големи пожари во северната држава Пара, вклучително и неодамнешниот пожар во регионот Алтер до Чао, кој уништи земја на околу 1.600 фудбалски игралишта. Полицијата се сомнева за подметнување пожар, а четворица членови беа уапсени во вторникот, а два дена подоцна беа ослободени.

Инспекторите велат дека волонтерите подметнале неколку пожари за продажба на фотографии на Светскиот фонд за природа (WWF) со целта на кампањата за зголемување на меѓународните донации – вклучувајќи ја и онаа на Ди Каприо. Болсонаро, застапник за поголема комерцијална експлоатација на Амазон, во август ги обвини невладините организации за пожарите во кои беа уништени огромни делови од дождовната шума.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi