Мајли Сајрус го прослави разводот со симболична тетоважа

10 декември, 20190
mm

Пејачката Мајли Сајрус и актерот Лиам Хемсворт пред четири месеци објавија дека се разведуваат по помалку од една година брак.

Во тој краток период, пејачката успеа да раскине една врска со блогерката Кајтлин Картер, а после неа повторно се врати на мажите и во моментов е во врска со пејачот Коди Симпсон.

Со нејзиното „скокање“ од врска во врска, додека разводот со Лиам сѐ уште не е финализиран, Мајли покажа дека брзо и лесно го преболела, а сега тоа го потврди и со тетоважа.

Таа на дланката го истетовира натписот „freedom“ односно слобода, а многу нејзини обожаватели ова го протолкуваа како прослава за нејзиното ослободување од бракот со Лиам. Мајли не го откри значењето на тетоважата, но затоа е познато што значи другата тетоважа што ја направи истиот ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi