17 септември, 2019

Радио

Не ја крие возбудата.

Според британскиот весник „Daily Mirror“, војвотката од Сасекс, Maghan Markle на своите пријателки за време на baby shower-от во Њујорк им открила дека носи момче. Имено, неименуван извор тврди дека Meghan на Serena Williams, Amal Clooney и останатите пријателки и пријатели на луксузната забава им кажала дека ќе роди момче, иако на самиот почеток на бременоста не сакаше да го знае полот на детето.

Иако организирањето baby shower е спротивно на строгите кралски правила, Меган сепак  уживаше со пријателките кои и подарија подароци за нероденото бебе, во апартман во еден луксузен хотел во Њујорк. Наводно, приватениот лет од Њујорк и бил подарок од Amal Clooney. Meghan веднаш по забавата отпатувала во Лондон, а таа избрала приватна служба за безбедносна придружба, наместо кралското осигурување. Палатата Кенсингтон не сакаше да коментира за повторното кршење на кралскиот протокол од страна на Војвотката од Сасекс.

Остави коментар

Почетна // Забава // Meghan Markle на пријателките им го откри полот на бебето
Горе