19 мај, 2019

Радио

Кога се во прашање нивните партнери, цената не им значи ништо.

Познатите личности не штедат пари за подароци за своите најблиски.

Денот на љубовта е посебна пригода за вљубените да се посветат еден на друг, а дамите особено ги сакаат знаците на внимание во форма на подароци. Познатите личности во Холивуд обично го слават  со романтична вечера, а љубовта се изразува со подарување скапи работи.

David и Victoria Beckham

David Beckham (43) на сопругата Victoria (44) за Денот на вљубените во 2006. година и подари Bvlgari дијамантски ѓердан, во вредност од 8 милиони долари. Парот, Денот на вљубените го прослави уживајќи на јахтата на Elton John (71), наводно, спасувајќи го бракот.

Brad Pitt i Angelina Jolie

Иако Brad и Angelina стануваaт дел од минатото, тоа не значи дека овој пар своевремено навистина не се сакале. Angelina (43) на Brad (55), за Денот на вљубените во 2010. година му подари  маслиново дрво старо 200 години. Го платила 20.000 долари, а дрвото симболизира мир, лојалност и стабилност.

View this post on Instagram

Parabéns @brangelina_parasempre 💜

A post shared by Angelina Jolie (@angelinabradlovers) on

Kanye i Kim Kardаshian

Тешко е да се избегне семејството Kardashian-West кога се спомнува лудото трошење на пари. Канје (41) на Ким (38) во 2013. година и подари нараквица вредна 73,000 долари. Нараквицата Panthere De Cartier се состои од дијаманти и бело злато.

View this post on Instagram

Happy New Year

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Остави коментар

Почетна // Забава // Осум милиони долари – ситница: Познатите личности не штедат кога бираат подароци со кои ќе ги израдуваат своите сакани за Денот на вљубените
Горе