20 јуни, 2019

Радио

Шокантното признание го изненади светот.

Поранешната членка на “Spice Girls“, Мел Би, призна дека имала сексуален однос со Гери Халивел додека бендот бил на врвот на славата. Мел Би никогаш не се криела дека е бисексуалка, а за време на снимањето на шоу-програмата со водителот Пирс Морган откри долго скриена тајна.

View this post on Instagram

Mel B, then and now 🐆 @officialmelb

A post shared by Spice Girls (@spicegirls) on

View this post on Instagram

Ginger Spice ✌🏼 @therealgerihalliwell

A post shared by Spice Girls (@spicegirls) on

Кога станува збор за она што таа го кажа за пријателката, со која  беше во ист бенд од 1994. до 2000. година, Мел Би не се воздржуваше во откривање на деталите.

„Бевме најдобри пријателки, едноставно се случи. Гери ќе ме мрази поради ова, бидејќи денес таа е отмена дама на нејзиниот имот во селото, но тоа е факт. Се случи, ние се смеевме и тоа е тоа. Ќе ме убијат и таа и нејзиниот маж. Се надевам дека кога ќе ја прашаат Гери за ова, а очигледно ќе ја прашаат, таа нема да негира, бидејќи тоа беше само една забавна работа“, додаде таа.

„Откако се омажи, Гери напорно работеше да ја отфрли старата слика на забавна девојка и се обиде да се претвори во совршена сопруга. Мел во истиот момент и се јави за да и се извини и да се обиде да ја смири ситуацијата”, изјави извор за „The Sun“.

Остави коментар

Почетна // Забава // Откриена е долго чуваната тајна за сексуалниот однос на двете познати членки на Spice Girls: Биле најдобри другарки и едноставно се случило
Горе