Поранешната девојка го моли познатиот актер! Запознај ја својата ќерка, потребен и е татко

12 ноември, 20190
овен

Овен Вилсон често e во улога на добар тато, но кога камерите се исклучени, се чини дека и не е баш така.

Познатиот комичар Овен Вилсон (50) е татко на две момчиња: Роберт (7), именуван по неговиот татко и Фин (4). Иако повеќе не е со нивните мајки, тој наводно е многу посветен како родител. Сепак, кога станува збор за ќерката која ја доби минатата година – тоа дефинитивно не е случај.

Вилсон последниве пет години беше во врска со Варуни Вонгвиратс, а парот честопати раскинуваше и имаа бурна врска. Од нивната љубов, минатата година се роди девојче по име Лајла, за кое актерот тврди дека не е негово дете. Бидејќи нејзината руса коса и очи не му биде доволен доказ, девојчето и Овен биле подложени на ДНК-тестирање за да се утврди татковството, а тестот покажал дека тој без сомнение е татко на Лајла.

Сепак, дури ни една година подоцна, Вилсон не сака да има врска со девојчето.

– На Лили и е потребен татко. Иронијата е дека Овен постојано добива улоги на прекрасни татковци, еве, и во новиот филм глуми татко, но сопствената ќерка не ја ни запознал – изјави Варуни за „Daily Mail“.

Како што пренесоа медиумите, по тестот за татковство, Вилсон на суд изјавил дека не сака да го искористи своето право да го гледа своето дете.

– Треба да ја видиш својата ќерка. Фантастична е, пропушташ многу. Таа изгледа исто како тебе – мајката на Лајла му испрати јавна порака.

Актерот не одговори на ова интервју од неговата поранешна девојка, а неговиот ПР тим рече дека е несоодветно да се коментира за приватна работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi