Ријалити ѕвезда и (или) бизнисменка: Документите открија колку заработува Ким Кардашијан од една објава на Instagram

6 мај, 2019
kim

Ким Кардашијан го тужи американскиот бренд “Misguided” затоа што, како што тврди ѕвездата, користеле нејзина фотографија за да ги продадат своите производи.

View this post on Instagram

Take notes 📝

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Во документите што ги поднесе во тужбата, пишува дека најпознатата светска старлета за една Instagram објавa заработува од 300.000 до 500.000 долари.

TMZ пишува дека врз основа на тоа, Ким сега од брендот ќе бара повеќе од 5 милиони долари отштета.

View this post on Instagram

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Во документите тврди дека таа често одбива да соработува со брендови за кои не сака да ги поврзат со нејзиното име.

Затоа, сега во тужбата се наведува дека нејзиното име или бренд претрпеле штета поради поврзаноста со “Misguided”.

TMZ додава дека извори тврдат дека Ким дури се потценила во документите, бидејќи всушност од една објава таа може да добие и до еден милион долари.